Skip to main content
Јан 25, 2019

Општина Охрид упатува апел до сопствениците на угостителските објекти кои не ги подмириле обврските  за краткотраен закуп на градежно земјиште тоа да го сторат во најскоро време затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани од соодветните инспекциски служби и не ќе може да поднесуваат барања за тековната година.


Јан 24, 2019

Автомобилот стар четири години , го поднови децениски стариот  амортизиран возен парк на болницата. . Со него ќе се  олесни транспортот на вработените и пациентите, а воедно ќе придонесе и  за поквалитетна здравствена услуга.


Јан 24, 2019

Поддршката на Понт е резултат на досегашната стратегија и позитивно работење на паркот да управува со заштитеното подрачје. Ова е за прв пат заштитено подрачје во земјава да се приближи до управувањето на парковите во светот.


Јан 24, 2019

Комисијата за водење на дисциплинска постапка формирана од страна на в.д градоначалникот Константин Георгиески, потврди дека дошло до злоупотреба на средствата наменети за надомест на штета од земјотресите што го зафатија Охрид летото 2017 година.


Сеп 27, 2021

„Резултатите од нашата работа се видливи, постигнавме многу, но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нови цели! – кажа на првата прес конференција Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.


Јан 24, 2019

Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 11 февруари 2019 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.


Јан 24, 2019

После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ), во четврток на 24.01.2019, ќе биде потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 150.000,00 евра за 2019 година.


Јан 23, 2019

Владата на 15 јануари ја донесла годишната програма за финансиска поддршка за рибарство и аквакулура. За оваа намена за порибување на Охридското езеро се одобрени 6 милиони денари.