Skip to main content
Конференција во ФТУ
Сеп 17, 2022
Факултет за туризам и угостителство
На меѓународните научни конференции учествуваат претставници од 20 европски земји, а предавања од областа на туризмот и осигурувањето ќе одржат еминентни професори и научници од светот.

Колекторски систем
Сеп 16, 2022
Поради високи сметки за струја
ДЈП „Колекторски систем“ нема да дозволи исклучување на системот од снабдување со струја и влевање на нетретирана канализациона вода во Охридското езеро, поради високите сметки за електрична енергија, уверува директорот Владимир Алексиојоски. Тој смирува дека и покрај тоа што фактурите се дури 7 пати повисоки од порано и претпријатието не може да ги сервисира во целост, поради дејноста која ја извршува, постојат законски механизми со кои системот не може да остане исклучен од напојување.

Презентација Архрид
Сеп 16, 2022
Урабно зеленило
Разговори за касарна- истражувања и изложба за реупотреба на просторот кај поранешната охридска касарна е настан во организација на колективот Архрид. Колективот на архитекти го потенцира значењето и потребата од конкурс во изнаоѓање квалитетни решенија и изработка на сеопфатна архитектонско урбанистичка студија. За визиите за тоа како треба да изгледа просторот на касарната во иднина ќе се разговата во сабота на 17ти септември во Касарна Хаб.

Тепачка
Сеп 16, 2022
Нарушен јавниот ред и мир
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект со физички напад врз 37-годишен жител на Лескоец.

Конгрес на Македонското стоматолошко друштво
Сеп 16, 2022
Меѓународно учество
9-ти Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со меѓународно учество во Охрид. Конгресот се одржува од 15-ти до 18-ти септември.

Детско игралиште Лескајца
Сеп 16, 2022
Активности
Средствата за санација и реконструкција на детското игралиште во ООУ „Братство единство” Лескајца се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Охридски див костен
Сеп 15, 2022
Истражување
Најдобар биолошки потенцијал и високо антимикробно дејство посилно и од некои антибиотици има дивит охридски костен, покажуваат последните истражувањата спроведени од научници од Македонија, Србија и Турција. Универзитетските професори за испитуваните примероци на охридски костен велат дека се исклучително природно богатство кое треба да се заштити.

Сеп 15, 2022
Пица мајстор
Општина Охрид ќе го поддржи пица мајсторот за натпреварот во Бугарија, кој треба да му ги отвори портите за учество на Светскиот натпревар за подготовка на пица кој ќе се одржи во Италија.