Skip to main content
Јан 18, 2019

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека на ден 19. 01 2019 година (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе биде бесплатен за сите негови корисници.


Јан 17, 2019

Со цел да се искористат капацитетите во недостаток на студенти вратите на домот се отворени за комерцијално работење. Се  очекуваат гости и  за  празникот Водици. 


Јан 17, 2019

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ објавува конкурс за проектот: Инфраструктурна поддршка на младите и талентирани спортисти на територија на Општина Охрид. Право на учество имаат сите спортски клубови од индивидуалните спортови кои се на територија на Општина Охрид.


Јан 16, 2019

Нови седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов. Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека нема никаква оправданост за ваквиот чекор на Локалната земајќи го во предвид фактот дека јавните претпријатија работат на работ на рентабилноста. в.д. Градоначалникот Константин Георгиески, тврди дека станува збор за веќе реализирани вработувања со договори на определено време кои ќе се трансферираат во редовен работен однос.


Јан 16, 2019

Советниците од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека се направени многу пропусти и злоупотреби при обештетувањето на граѓаните чии домови настрадаа во земјотресот кој го погоди Охрид, а со тоа е оштетен буџетот на државата. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески кажа дека и службите на локалната утврдиле неправилности во исплатата на оштетените и веќе е формирана дисциплинска комисија.


Јан 16, 2019

 Од УЈП очекуваат  регистрација на уште околу  3000 илјади граѓани  приматели на странски пензии  и земјоделци од Охрид. Во јануари е продолжен рокот за регистрација на граѓаните во новиот систем за електронско следење на персоналниот данок кој  стапи на сила од јануари 2019 година. 


Јан 16, 2019

Од утре почнува пријавувањето на фаќачите на крстот, а се очекува и пристигнување на казанот каде што ќе се подготви рибната чорба.


Сеп 26, 2021

Здружението „Борка-за секој нов ден“, во пресрет на месецот октомври, кој е посветен на борбата со ракот на дојка, го одржа 13-то издание на хуманитарната манифестација „Напред Розово“. Во истовреме го одбележуваат и најголемиот хуманитарен настан во Европа „Race for the cure“.