Македонија претставена на интернационалниот саем за туризам во Утрехт „Vakantiebeurs”
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт. Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори, но и со бројни помали кои имаат идеа да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија.
Лишен од слобода пожарникарот кој повреди двајца негови колеги
Едниот од повредените заврши на скопските клиники во тешка состојба. Напаѓачот и претходно бил пријавуван на полицијата за насилство.
Големите снежни наноси го парализираа Југозападниот регион
ЈП „Охридски комуналец“ постојано е на терен со целокупниот човечки капацитет и механизација. И покрај обилните снежни врнежи градските улици, локалните и регионалните патни правци редовно се чистат но постојано се формира нова снежна покривка и оттаму поплаки од граѓани. Денеска ќе почне расчистување на патиштата до ридско планинските населени места, информираат од ЦУК. Единицата за спасување во планина е подготвена да интервенира доколку се јави потреба од снабдување на отсечени жители во планинските села со храна и лекови, или доколку е потребна нивна евакуација.
ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофална е состојбата со зимското одржување и отстранувањето на снегот во Охрид
Катастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот. Градоначалничката функција не е пи-ар и маркетиншка агенција, па в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески добро ќе беше чајот да го испие и со граѓаните кои беа оставени сами на себе да се справуваат со снегот, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Свикана 23-та седница на Советот на општина Охрид
Претседателот на советот на Општина Охрид, ја свика, 23-та седница на Советот на Општина Охрид. Седницата е закажана за на 16-ти јануари со почеток во 11:00 часот, во зградата на општина Охрид.
Продолжуваат активностите за расчистување на снегот во Охрид
Снегот кој континуирано паѓа во изминатото деноноќие непрекинато создава нова снежна покривка, па нашите служби се максимално ангажирани и во повеќе наврати се расчистуваат сообраќајниците и тротоарите како би се обезбедиле услови за проодност и движење на возилата и пешаците.
Црвен Крст и тимовите за интервенции на непристапни терени на готовс
Црвен Крст е во постојана комуникација со ЦУК и очекува зголемен број повици посебно за помош во рурални средини на стари лица во периодов на студено време и снежни врнежи. Тимовите за интервенции на непристапни терени имаат капацитет од луѓе и од теренски возила да реагираат на повик од граѓаните и институциите секаде каде што има потреба да се помогне. Тимовите на Црвен Крст постојано патролираат за помош и згрижување на бездомни лица во овие зимски денови.
При претрес врз охриѓанец пронајдени украдени производи
При извршен преглед врз Г.Л.(38) од Охрид, полициски службеници пронајдоа производи што тој претходно ги одзел од продажен објект во Охрид.