Skip to main content
Дек 26, 2018

Јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на уредување на тротоарските површини и атмосферска канализација на кружниот тек на Бул. „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“.


Сеп 24, 2021

Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.


Дек 25, 2018

Охридските  и струшките хотелски сместувачки објекти најавуваат одлична посетеност за престојните новогодишни празници. Речиси сите капацитети се веќе закупени, традиционално најбројни и оваа година се гостите од соседните држави, но ќе има и гости од западноевропските земји.


Дек 25, 2018

Константин Георгиески ќе ја обавува должноста во следните месеци се до вонредните локални избори. Пред Советот на општина Охрид и граѓаните вети дека со тимот на поранешниот градоначалник Јован Стојаноски ќе ги продолжат започнатите проекти.


Дек 25, 2018

Поради смртта на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, денес заврши законската постапка за избор на в.д градоначалник.


Дек 25, 2018

ЈП Билјанини Извори, поради веќе познатите причини, ја известува јавноста дека големата новогодишна забава за деца со наслов „Новогодишна детска бајка” која требаше да се реализира на ден 26 (среда) се откажува.


Дек 24, 2018

Викендов несовесни граѓани дивееле и вандалски се однесувале кон урбаната опрема, превртиле, искршиле и уништиле контејнери и корпи за смет, а отпадот го расфрлале насекаде по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“.  Директорот на „Комуналец“ вели дека станува збор за организирана акција и дека настанот е пријавен во СВР Охрид  од каде се чека да се преземат соодветни мерки.


Дек 24, 2018

Вработените од националниот парк Галичица се собраа на мирен протест да го искажат незадоволството од најавата за смена на досегашниот в.д директор Андон Бојаџи. Стравуваат дека со таа одлука ќе се загрози започнатиот успешен развој на установата со смена на способниот  менаџер. Најавуваат постапка за преиспитување на владината одлука дали е таа законска.