Сообраќајна несреќа на улицата „Стив Наумов“
На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка” и улицата „Стив Наумов” во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј” со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид.
Андоновски: Ракометарите на РК Охрид заслужуваат почит
Утре, ракометниот клуб Охрид против Радовиш ќе го одигра последниот натпревар во есенската полусезона во Суперлигата. Ракометарите се надеваат со победа и 30 бодови на табелата да ја заокружат 2018та година.
ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица
Фондот за доверба ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на националниот парк Галичица и уште 5 заштитени региони во Македонија, Албанија и Грција. Понт ги препозна промените и активностите на НП Галичица во користењето на природните ресурси на паркот. Фондот за екорегионот Преспа – Охрид годинава e добитник на наградата Pathfinder која ја доделуваат Обединетите нации.
Државата ја презема грижата за охридскиот колектор
Министрите на вчерашната владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.
Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.
Охриѓанката Ивана Маховска Шикалеска е добитничка на наградата најдобар наставник по Германски јазик
Нејзиниот иновативен проект наречен „Туристички водич за млади“, како и можноста за негова практична примена и ја донеле победата.
Реал Мадрид доаѓа во Охрид
Реал Мадрид доаѓа во Охрид. Од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, во хотелот „ Аквалина“ ќе се одржи кампот на „кралскиот клуб“ кој е наменет за деца помеѓу 7 и 17 години, кои ќе стекнат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на Реал Мадрид.
Охрид доби етнолошка поставка
Охрид доби етнолошка поставка преку која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со минатото на градот. Во Музејот Куќата на Робевци се изложени облека, накит, покуќнина и предмети од 19 век. Покрај етнолошката поставка изложени се и археолошки предмети од најновите истражувања на Плаошник, Самоилова тврдина и Горна Порта.
Глобалната награда од Прoграмата за развој на Обединети нации за Фондот за природа Преспа – Охрид
Од 200 пријавени кандидати од целиот свет Фондот за природа Преспа – Охрид или ПОНТ беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја кои се развиени и спроведени од поединци, организации или групи.