Мал број на охриѓани одбиваат да се попишат
Има појава на тивок бојкот со одлагање на попишувањето, но се очекува и тие граѓани сами да се пријават за да бидат попишани. Досега попишувачите немаат поднесено пријава до некој граѓанин кој го бојкотирал пописот.
Тематски работилници во „Игротека Вања“
Празници се ближат. Бидете дел од поставување на новогодишната елка во „Игротека Вања“ која ќе биде накитена со лампионите изработени од вредните рачиња на нашите дечиња.
Се санира старата зграда на Маларична
Се санира старата зграда на Маларична. Азбестните плочи на кровот се заменуваат со квалитетен лим. Паралелно со зафатите на објектот тече и постапката за набавка на две санитетски возила и едно патничко за патронажната служба.
Предновогодишна забава во „Игротека Вања“
Се ближи најубавиот и највозбудлив празничен период од годината. Со таа цел чест игротеката „Вања“ ќе понуди незаборавен момент на испраќање на старата и дочек на Новата година на Вашите деца. А се тоа ќе изгледа магично.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ТЕКВОНДИСТОТ ВАСИЛИЈА ЈОВЧЕСКИ
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со теквондистот Василија Јовчески, кој освои трето место на балканскиот теквондо шампионат.
Охридските земјоделци и овоштари имаат потреба од откупен-дистрибутивен центар
Презентирана нацрт верзија за физибилити студија за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар во охридскиот ргион. Охридските земјоделци и овоштари одамна посакуваат центар каде што нивните производи би биле соодветно складирани. Бенефит би имале и тие и угостителите кои во моментов немаат понуда на локалните производи.
Охридската музичка група „Камелеон“ одбележува дваесет години од постоењето
Пред крајот на годината го најавуваат својот прв концерт за кој велат дека ќе биде вистинско аудио-визуелно уживање. Највавуаат нови песни во нови аранжмани како и многу гости.
Споделете го вашето искуство: Безбедност на децата и младите на TikTok
Би сакале да ги слушнеме родителите и наставниците подготвени да го споделат своето искуство со нас за да ни помогнат во претстојната истрага за безбедноста на децата и младите тинејџери што користат TikTok. За да го споделите вашето искуство, се што треба да направите е да го пополните формуларот.