Skip to main content
Првачиња Дебрца
Авг 31, 2022
Општина дебрца
Топло добредојде за новите првачиња во Дебрца. Оваа година за првпат општината ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари за секое прваче.

Млади политички лидери
Авг 31, 2022
Претставници на американскиот совет
Гостите беа информирани за начинот на функционирање на Локалната самоуправа, а беа запознаени и со културно-историските знаменитости.

совет
Авг 30, 2022
Локална самоуправа
Опозицијата не даде зелено светло ама даде предлози за нивно финансиско зајакнување. Упатените предлози од опозицијата предизвикаа реакции кај позицијата, која возврати со обвинување кон претходните менаџери на претпријатијата и кон државата.

Џудо за сите
Авг 30, 2022
Џудо клуб Дрим Струга
Новиот проект за спортска инклузија на лицата со интелектуална попреченост во охридско-струшкиот регион. Проектот започнува со примена од септември во соработка со џудо клубови од Србија и Романија.

Марко Пејчиновски и Кирил Пецаков
Авг 30, 2022
Општина охрид
Марко Пејчиновски има 16 години и е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци.

Дипломи Оемуц
Авг 30, 2022
Свети наум охридски
Синоќа им беа доделени дипломите на матурантите од ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид, генерација 2021-2022.

Марихуана
Авг 30, 2022
На патот во село орман
26-годишен охриѓанец е лишен од слобода откако во возилото со кое што управувал, полициските службеници пронашле марихуана.

Сончев рид
Авг 30, 2022
Прв во европа
Првиот отворен музеј во Европа да се изгради на Сончев рид. Ова е предлог проект на Здружението „Енхелеус Лихнид“ од Охрид. Целта е презентација на богатото културно археолошко наследство во регионот и запознавање со животот од неолитот до денес. Проектот е презентиран пред надлежните институции останува да се најдат финансии за неговата реализација.