Skip to main content
Ное 27, 2018

Локланата годинава новогодишно ќе го украсува и стариот дел на градот. На барање на жителите и сопствениците на угостителските објекти лоцирани токму таму, но и на сугестија на туристите кои минатите години празниците ги поминаа во нашиот град, новогодишни реквизити ќе се постават на улиците Коста Абраш, Самоилова и Илинденска. Украсувањето треба да заврши во првата половина на месец декември.


Ное 27, 2018

Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид . Загрижува негативната стапка на природниот прираст. Охрид во земјава има најниска стапака на наталитет, а највисока стапка на морталитет.


Ное 27, 2018

Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид. Корените се во традицијата  и во влошената економска состојба.  Женскиот центар Бисера со средношколците од „ Ванчо Питошески“ одржаа предавање како да го препознаат и да пријават  семејното насилство.


Мар 3, 2022

На 02.03.2022 година во 07.30 часот во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид.


Ное 27, 2018

Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.


Сеп 22, 2021

Со реновирање на објектите се подобруваат условите за престој во охридските објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“. Се менуваат покривите и дрвената дограма, а се планира и замена на подовите. Се најавува и етапна обнова на плакарите во сите објекти.


Ное 26, 2018

На Антички театар да се направи центар за посетители , мал музеј како и простории за поддршка на „Охридско лето“ како што е простор за подготовка на изведувачите. Ова е идеја студентите од четврта година на  Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои изработија проекти за ревитализација на охридскиот Антички театар. Денес тие беа преставени пред охридската јавност.


Ное 26, 2018

Одблокирани средствата за плата на вработените во охридските училишта. После политичките препукувања околу одговорноста за  проблемот во пресметувањето на платата на секретарите во училиштата што доведе до блокирање на трансферот на средства на барање на министерството за образование, денес од општината кратко инфоримараа дека недоразбирањето со ресорното министерство било надминато.