Skip to main content
Фев 28, 2022

Војната во Украина ќе ја продлабочи економската криза и директно ќе се одрази врз туризмот во охридско-струшкиот регион. Изминативе две години Охрид го посетуваа голем број туристи од Украина, доколку продолжи војната ќе се намали бројот на туристи, но и нивната куповна моќ.


Ное 26, 2018

Општина Охрид упатува апел до сите  доставувачи на роба во Охридската чаршија истата  да ја реализираат   со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес.


Сеп 22, 2021

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р. (42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.


Ное 26, 2018

На Интернационалниот Бреинобреин натпревар кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од нашиот Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата. Во исклучително силна конкуренција сите наши бреинобреин генијалци покажаа огромен успех и знаење и освоија награди и тоа: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља.


Ное 23, 2018

Наместо горди просветни работници на својата професија, има пародија на образованието и животот на вработените во охридските основни и средни училишта кои се уште не ја зеле октомвриската плата, обвини на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.


Ное 23, 2018

Општина Охрид организира прва форумска сесија на тема „Зајакнување на општинските совети”. На форумските сесии ќе  се предлагаат и изберат важни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Избраните проекти ќе бидат финансирани со средства од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија.


Ное 23, 2018

Денeс во Охрид отворено шестото издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.


Ное 23, 2018

Општина Охрид е дел од македонскиот тим  кој учествува на 25-то издание на Меѓународниот саем за туризам што се одржува од  22-ри до 24-ти ноември во Варшава, Полска. На настанот  ќе   бидат промовирани  туристичките содржини на нашата земја пред полскиот туристички пазар.