Skip to main content
Ное 22, 2018

Општина Дебрца работи на донесување на урбанистички планови за село кои ќе донесат поинтензивен локален економски развој. Во заврша фаза се постапки  за донесување на урбанистички план за село Мешеишта за изградба на лесна незагадувачка индустрија. Од неодамна  во сопственост  ја имаат училишната зграда во Сливово  која имаат намера да ја пренаменат во економски цели. 


Ное 22, 2018

Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски е дел од свеченостите што се организираат по повод одбележување на Денот на општините Котор и Будва, Р. Црна Гора.


Ное 22, 2018

За една година исплатени заостанатите плати во работната единица „Водовод“ во Охрид и за прв пат после девет години оваа работна единица, покажа добивка во работењето од речиси два милиони денари. Меѓу приоритетите на новото раководство на претпријатието се набавката на основни средства.


Ное 22, 2018

Свеченото отворање на овогодинешното шесто издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Универзитетот во Болоња, со поддршка од општините Охрид и Ресен, од Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, како и од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи на 23 ноември, во 11:00 часот во црквата св. Софија во Охрид.


Ное 21, 2018

За една година СРЦ Билјанини извори во касата на претпријатието инкасирало над 32 милиони денари. Приходите  се зголемени за 100 посто по сите основи. Во изминатава година  подобрени се условите во спортската сала и на терените. За прв пат е направен дел од крак за филтерската станица на отворениот базен.


Ное 21, 2018

Денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Свети Архангел Михаил“ од академик Миле Миќуновиќ.
Во оваа 98 книга академик Миќуновиќ на над 700 страници ги изнесува истражувањата на терен на 64 црковните храмови во Македонија што се посветени на Свети Архангел Михаил по азбучен ред без да го опишува во детали нивниот фрескоживопис, бидејќи како што вели: читателот може да користи соодветна литература од компетентни автори – пред се’ историчари на уметност.


Ное 21, 2018

Поради настанат  дефект на водоводната мрежа денес од 08:00 часот ќе има неколку часовен прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци односно на улиците : „Радојца Новичиќ“ , „130“ , „28ми Април“ , „Кленоец“ и „15ти Корпус“.


Сеп 22, 2021

На 21.09.2021 околу 21.20 часот, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е В.К.(37) од охридското село Велгошти. Полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.