ЈП Градски пазар бележи финансиска стабилизација во работењето
ЈП Градски пазар бележи финансиска стабилизација во работењето. Со домаќинско работење драстично се намалени сите трошоци, а посебно на издатоците за репрезентација, службени патувања и гориво, информира директорот на ЈП Градски пазар за работењето во изминатава година. Претпријатието поради изградбата на затворениот Зелен пазар претрпе одредени потешкотии во работењето но вработените максимално се потрудиа да обезбедат континуитет, квалитет и достапност на услугите.
Со пумпи за вода ќе се спасува плашицата во каналот од угинување
Студенчишки канал побелен од угинати плашици. Се случува помор на рибата која во овој период во каналот влегува во огромни количини за да презими. Поради нискиот водостој наскоро може да се случи помор на десетици тони плашица поради недостаток на кислород. Надлежните изминатиов период беа повикувани и од екологистите и од локалната самоуправа итно превентивно да делуваат како би се спречила еколошка катастрофа.
Пијте кафе и учете за Охрид
Двојно уживање од пиењето кафе. Од неодамна пиејќи го овој топол напиток во дел од охридските кафулиња и ресторани можете да уживате во дознавањето на нови факти за урбаната историја на градов. Охридскиот историчар доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе помалку или повеќе познатите факти за Охрид, ги испиша на парче хартија, убаво ги спакува и им ги понуди на угостителите да ги послужуваат со секое кафе.
Охриѓанец нападнат од непознато лице
На 21.09.2021 година во 23.30 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, нарушен јавен ред и мир со физички напад извршен од засега непознато лице врз П.П.(69) од Охрид.
На сцената на „Охридско лето“ ќе се врати балетот и балетските претстави
На сцената на „Охридско лето“ ќе се врати балетот и балетските претстави и повторно ќе се актуелизира сцената на Самоиловите тврдини. Ова се само дел од плановите на новата директорка на НУ Фестивал „Охридско лето“.
Охридскиот градоначаланик даде очет за сработеното
Охридскиот градоначаланик даде очет за сработеното. Во изминатава година во услови на финансиски презадолжена општина посветено работеле на подобрување на условите во сите сефри од општественото живеење на охриѓани. Градоначалникот и соработниците ставиле акцент на три сегменти : стратешки пристап за равој на градот, консолидција на јавните претпријатија и раздолжување на општината.
ОПШТИНА ОХРИД ДОНИРА ОПРЕМА ЗА ВЕСЛАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на Веслачката федерација на Македонија Здравко Голабоски, потпишаа договор со кој, Општина Охрид донира веслачка спортска опрема и веслачки реквизити за потребите на веслачката федерација.
СТАРТУВАШЕ АВИОНСКАТА ЛИНИЈАТА ОХРИД – ВИЕНА
На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, попладнево пристигна првиот лет на компанијата „Визер“ од новата авионска линија од Охрид кон Виена и обратно.