Здравевски: Нема трага од современи спортски и детски игралишта ветувани од СДСМ и Стојаноски
Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски., обвини денеска на прес конференција , Александар Здравевски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија
Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија. Жителите, екологистите, градоначалникот нема да дозволат изградба на депонија која ќе го загадува сливното подрачје на Охридското езеро. Меѓу 12 локации кои биле лоцирани е и напуштениот рудник за лигнит Осломеј кој се смета за најсоодветна локација за регионала депонија во Југозапaдниот плански регион.
Се брендираа охридските туристички водичи
Истовремено денеска беше ставен во функција туристичкиот инфо центар во центарот на Охрид. Три години после неговото поставување, објектот ќе је оправда својата намена.
„Охрид трчаТ“ доби признание за квалитет на трка и организација
Најголемиот и најмасовниот спортски настан во нашиот град „Охрид трчаТ“ доби големо признание, откако Европската атлетика му додели сертификат со три ѕвезди за квалитет на трка и организација.
Исплатата на септемвриските пензии започнува во вторник
Владата синоќа ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.
РК Охрид го пречекува битолски Пелистер
Утре во СРЦ „Билјанини Извори“ Охрид го пречекува битолски Пелистер во 9тото коло во Супер лигата. Ракометарите најавуваат интензивен натпревар во кој ќе се игра пожртвувано за бодовите да останата во Охрид.
Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца даде отчет за едногодишното работење
Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца, даде отчет за едногодишното работење. Ногачески посочи дека финансискиот долг на општината е намален. Тој ги презентира сработените проекти, а ги сподели и претстојните зафати кои ќе се преземат за Дебрца да биде квалитетно место за живеење.
Охридското автохтоно вино вранец барик наградено на меѓународен саем на вино
Охридскиот вранец барик награден на седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“. На овој саем Охрид беше град партнер , а со промоцијата на Охридскиот регион и угостителската понуда на регионални и локални вина се отвараат нови можности за развој на туризмот.