Skip to main content
Ное 12, 2018

Во аудио-визуелната аргументирана дискусија на ТВМ телевизија, насловена едноставно „Прашалник“, уредникот и водител Соња Рилкоска ќе ги спротивстави ставовите на своите гости, сите значајни претставници на општественото живеење од градов и ќе им даде можност да го потврдат и докажат својот став по однос на одредена проблематика.


Сеп 21, 2021

Од Министерството за здравство на Република Македонија информираат дека во текот на последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, при што се регистрирани 554 нови случаи на Covid-19.


Ное 12, 2018

Во Александровац, Република Србија, се одржа седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“, на кој што Охрид беше град партнер.


Ное 12, 2018

Се очекува деновиве Владата да донесе одлука за преземање на колекторскиот систем заедно со побарувањата и обврските што се направени при неговото функционирање.  Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека сите услови се исполнети за решавање на овој значаен проблем за Охрид.


Ное 12, 2018

На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.


Ное 12, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски  го проследи концертот на  светски познатите уметници од Русија, Артем Науменко- флејта и Александар Синчук- пијано што синоќа се одржа во катедралната црква Св. Софија во Охрид.


Ное 12, 2018

Со традиционална средба на инвалидизираните лица, денес, беше одбележана 30 годишната работа на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца „Мобилност Охрид 1988“.


Ное 12, 2018

Согласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој  сообраќај и улици , општина Охрид започна со асфалтирање на улици  и краци низ целата територија на Охрид.