ЈП Билјанини извори задоволно од наплатата на паркирање
ЈП Билјанини извори кое стопанисува со паркинг зоните задоволно од воведените новини во наплатата на паркирање. Со новитетите се инкасирани повеќе финансиски средства и е растеретена службата за наплата. Согледани се и сите слабости кои во иднина ќе бидат одстранети, информираат од јавното претпријатие.
Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ се заблагодари за поддршката во реализацијата на спортските настани
Со доделување на признанија на партнерите и поддржувачите (приватен сектор, институции, волонтери, физички лица,јавни служби и медиумите ) на завршната вечер за 2018 година, која се одржа во големата сала на Општина Охрид, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ им се заблагодари на сите за искрената поддршка во реализацијата на спортските настани Охрид трчаТ 2018 и Балканското триатлон првенство кое се реализира во партнертсво со Триатлон федерацијата на Македонија.
Решавањето на секој проблем влијае врз квалитетот на живеење во заедницата
Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа граѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана.
Јавните тоалети во Охрид повторно надвор од употреба
Не престануваат континуираните оштетувања на јавните тоалети поставени во централното градско подрачје. Овој пат насилно се исечени автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад Т.Ц.АМАМ.
Месец на книгата и во Охрид со мини саем во библиотеката Григор Прличев
Месец на книгата и во Охрид со мини саем во библиотеката Григор Прличев. Љубителите на белетристика имаат можност да купат над двеста наслови од домашни и странски автори. Саемот ќе трае пет дена , а книгите ќе се продаваат со попуст и до педесет проценти.
Во Охрид започна вакцинацијата против сезонски грип
Во Центарот за јавно здравје Охрид од утринава веќе започна вакцинацијата против сезонски грип.
ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА ПАТЕКАТА ОД СААТ КУЛАТА ДО СТАРОТО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Во поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ СО МЕНАЏЕРИТЕ НА БИБЛИОТЕКИТЕ ОД ОХРИД И СКОПЈЕ
Претседателката на општинскиот Совет, Живка Ангелоска и директорката на охридската библиотека „Григор Прличев“, Гордана Змејкоска денеска во Охрид остварија работна средба со директорката на Народната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Сенка Наумоска.