Skip to main content

Паѓа ли тезата за потеклото на Десаретите

 Паѓа ли тезата за потеклото на Десаретите.

 |  Валентина Неловска  | 
Плаошник
Плаошник

На археолошкиот локалитет на Плаошник се откриени три бронзени монети кои датираат од античкиот период.   За ова значајно откритие археологот советник Даница Бачевска прв пат јавно проговори гостувајќи во емисијата Печат. Таа како дел од тимот на археолози учествувала во истражување на локалитетот Плаошник во периодот 2007 -2011 година.  Со ново пронајдените монети сега се  руши  тезата за потеклото на Десаретите, тврди археологот  Бачевска.

монети„ Најновото и мошне значајно  откритие за кое прв пат го откривам е дека во тек на најновите ископувања на Плаошник се откриени 3 монети од бронза, монети на Десаретите. Значајни се по тоа што се ковани во монетарницата во Лихнид како лихнидски монети. На нив  децидно стои чии се монетите. На аверсот на десниот агол стои натписот Десаретион, а на реверсот има разни престави“.
 
Пронајдените три монети се класифицирани во два типа. На едниот тип на аверсот е преставен Хераклеј, а на реверсот е преставен  Зевс. На вториот примерок има иницијали BA,  што означува Basilios Aleksandros. Тоа се монети кои се ковани во време на македонските кралеви, Александар III  и Александар Македонски, кажува Бачевска. Посочува дека до пронаоѓањето на овие три монети, во науката  постои мислење дека Десаретите не се на високо економско ниво и дека не постои стоково парична размена  туку само во натура.  

Плаошник„ Овие монети кои се доста совршени , софистицирани направени се како прототип на монети на последните македонски кралеви Филип 5 и Персеј.  Типолошки се сместени со македонските монети од периодот на Александар III, на аверсот е преставен Хераклеј , а на реверсот Амон Зевс, и типолошки припаѓаат на монетите на македонските кралеви.  До неодамна владееше мислењето дека Десаретите се Илири, но со овие откритија се потврди тезата на Проф. Наде Проева, која работи на античката историја, дека Десаретите се македонски племиња и не се Илири“.  

Охрид, во античкиот период во 2 век пред наш ера  па се до среден век , со прекини, бил силен монетарен центар каде што постоела монетарница во која се ковале монети од бронза и сребро. На археолошкиот  локалитет Плаошник со истражувањата во периодот од 2001 до 2011-та се откриени над 16.000 монети  од антички период па до среден век. Археологот Бачевска наскоро, досегашните  археолошки откритија ќе ги објави во книгата „Лихнидската ковница“, по што ја очекува реакцијата на колегите од земјава и од странство.

{loadposition content9}