Skip to main content

„Пакетчиња за сите дечиња“ по петти пат ќе ги стопли срцата на најмладите

Илјадници пакетчиња ќе бидат  поделени во Охрид, но и на дечињата од околните градови Битола, Ресен, Кичево, Струга, Дебрца Македонски Брод…. и во руралните места каде младите се заборавени.
 |  инфодеск  | 

Хуманитарната акција „Пакетчиња за сите дечиња“  по петти јубилеен пат ќе ги стопли срцата на најмладите во регионот.

Популарниот Wik Kakarotski, кој е иницијатор на целата акција, задно со неговата екипа, и годинава сакаат да усреќат што повеќе дечиња, пред се’ од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид,  за и тие да можат да ја почувствуваат празничата магија и радост.

Илјадници пакетчиња ќе бидат  поделени во Охрид, но и на дечињата од околните градови Битола, Ресен, Кичево, Струга, Дебрца Македонски Брод…. и во руралните места каде младите се заборавени.

„Ова ни е петта јубилејна година, акцијата почна порано некаде на крај на месец ноември а од вчера ја накитивме елката и донираните пакетчња се под неа и може да кажам дека со годинешниот настан веке официјално почнавме со петтата сезона. Во овие четири години беа собрани и поделени 12 000 пакетчиња, во просек се 2000 втората година беа 6500. Првите 630 пакетчиња се наменети за лицата со попреченост кои ги псоетуваме во целиот југозападен регион.“ – вели  Вик Какаротски.

Од година во година расте и хуманоста се повеќе граѓани индивидуално ја поддржуваат  оваа акција, но и се повеќе компании како општествено одговорни даваат поддршка.

„Секоја година имаме нови  да речам барања за пакетчисња но имаме и нови донатори, голем број поддржувачи,мали и големи компании.  Веќе почнавме да делиме пакетчиња,  затоа што веќе организираме настани за најмладите. Почнавме да делиме а официјално ке собираме до 25 декември а потоа ке имаме еден настан на Сараиште од Културолошка иницијатива  Вин и Вил, и мислам дека официјално караванот ќе започне и во другите градови а годинава имаме и едно изненадување , а тоа е дека  пакетчињата ќе се делат на 31 овде на градксиот плоштад на Новогодишната ноќ.“- додава Какаротски.

Сите хумани граѓани ќе може да ја посетат Новогодишната соба во Младинскиот центар Охрид и да ја поддржат оваа хумана акција.

Новинар Соња Рилковска