„Пакетчиња за сите дечиња“ по петти пат ќе ги стопли срцата на најмладите
Хуманитарната акција „Пакетчиња за сите дечиња“ по петти јубилеен пат ќе ги стопли срцата на најмладите во регионот.
Популарниот Wik Kakarotski, кој е иницијатор на целата акција, задно со неговата екипа, и годинава сакаат да усреќат што повеќе дечиња, пред се’ од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид, за и тие да можат да ја почувствуваат празничата магија и радост.
Илјадници пакетчиња ќе бидат поделени во Охрид, но и на дечињата од околните градови Битола, Ресен, Кичево, Струга, Дебрца Македонски Брод…. и во руралните места каде младите се заборавени.

„Ова ни е петта јубилејна година, акцијата почна порано некаде на крај на месец ноември а од вчера ја накитивме елката и донираните пакетчња се под неа и може да кажам дека со годинешниот настан веке официјално почнавме со петтата сезона. Во овие четири години беа собрани и поделени 12 000 пакетчиња, во просек се 2000 втората година беа 6500. Првите 630 пакетчиња се наменети за лицата со попреченост кои ги псоетуваме во целиот југозападен регион.“ – вели Вик Какаротски.
Од година во година расте и хуманоста се повеќе граѓани индивидуално ја поддржуваат оваа акција, но и се повеќе компании како општествено одговорни даваат поддршка.
„Секоја година имаме нови да речам барања за пакетчисња но имаме и нови донатори, голем број поддржувачи,мали и големи компании. Веќе почнавме да делиме пакетчиња, затоа што веќе организираме настани за најмладите. Почнавме да делиме а официјално ке собираме до 25 декември а потоа ке имаме еден настан на Сараиште од Културолошка иницијатива Вин и Вил, и мислам дека официјално караванот ќе започне и во другите градови а годинава имаме и едно изненадување , а тоа е дека пакетчињата ќе се делат на 31 овде на градксиот плоштад на Новогодишната ноќ.“- додава Какаротски.
Сите хумани граѓани ќе може да ја посетат Новогодишната соба во Младинскиот центар Охрид и да ја поддржат оваа хумана акција.
Новинар Соња Рилковска


