113 паковки хероин и 2 најлон кеси марихуана пронајде СВР-Охрид
Успешна акција на СВР-Охрид за сузбивање на наркокриминалот.
СВР-Охрид со нова акција за сузбивање на наркокриминалитетот. Во текот на вчерашниот ден полициските службеници како резултат на претходно спроведени активности, пронашле вкупно 113 паковки со опојна дрога хероин како и две најлон кеси со опојна дрога марихуана.
Дрогата била пронајдена на подрачјето околу Самоиловите тврдини.
„Оваа акција резултираше со приведување на три лица наркозависници од Охрид и Струга кои во текот на вчерашниот ден се приведени во СВР-Охрид. Против две од нив е поднесена кривична пријава. Од она што натамошниот тек на работењето на ова казнено дело произлезе е дека еден од пријавените, лице од Охрид на возраст од 25 години, ја организирал купопродажбата на опојната дрога хероин. Тој дрогата претходно во текот на летниот период ја набавил од лице од Скопје според наши сознанија.“-вели М-р Стефан Димоски-портпарол на СВР-Охрид.
Кај првопријавеното лице во текот на вчерашниот ден биле најпрво пронајдени 30 паковки со опојна дрога хероин како и дополнителни 22.000 денари, по што во понатамошните активности на полициските службеници била пронајдена и останатата количина на дрога сокриени во ѕидините на Самоиловите тврдини и околните тревни површини.
„Се работи за лица кои што се добро познати на службата, против кои и досега СВР-Охрид има поднесувано соодветни пријави за исти казнени дела. Во текот на вчерашниот ден после обавувањето на неопходните разговори, ова лице кое што е организатор на целокупната активност за купопродажба на хероинот и марихуаната е предадено во затворот во Охрид по претходно барање и решение од Основниот суд-Охрид за издржување мерка притвор за сторено слично казнено дело.“-рече портпаролот Димоски.
Целокупната количина на опојна дрога е одземена од страна на СВР-Охрид и предадена на натамошно вештачење во Министерството за внатрешни работи. Инаку пронајдената дрога била наменета за продажба на црниот нарко пазар во Охрид и Струга.
{loadposition content9}