„Доста е, пакувај се“, некој му порача на Петрески
Флаери со навредлива содржина за градоначалникот.
Работата на градоначлникот Александар Петрески трн в око за поединци групи. Доста е, пакувај се!, преку флаери му порача некој утрово на првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески.
Во нив се наведени некои значајни објекти кои градоначлникот подолго време ветува дека ќе ги направи, но сеуште не ги реализирал, како што се современата автобуска станица, Промоцијате на Охрид, преку ѓомлезијадата , изграбата на Современ пазар, Аква парк и Голф терени, изградба на регионален дом за стари лица, конгресен центар, довршување на сите преостанати инфраструктурни делови од страна на општината. Покрај овие ветувања, на флаерот се наведени и ветувањата за итно санирање на амбулантата „Маларична“, обновата на локалниот весник „Езерски глас“, изградба на современа марина и претворање на „Галичица“ во зимски туристички центар.
Кој стои позади оваа кампања, никој незнае, затоа што оној кој ги напишал и создал, немал храброст да се потпише на истите,со што би застанал позади она што го тврди.
Од локалната самоуправа ова го толкуваат како Подмолна кампања против градоначалникот Александар Петрески. „Флаерите , не се потпишани , што укажува на фактот дека нарачателите немаат храброст јавно да се идентификуваат , зошто се плашат дека за ваквото клеветење ќе треба да одговараат. Ги повикуваме надлежните институции , собено СВР Охрид , што побрзо да ги пронајдат сторителите и да им поднесат соодветни пријави“, велат во својот писмен допис од пресс службата од кабинетот на Петрески.
Од таму додаваат дека ова не е ништо друго, туку показател дека кампањата за престојните локални избори , предвреме започна. Тие потсетуваат дека содржината на флаерите е испратена на пограшна адреса, затоа што вината за доцнењето на изградбата на неколкуте капитални објекти , наведени на флаерите, не е во Локалната самоуправа , туку во централната власт, од каде се кочи документацијата по партиска наредба.
Од локалната виновникот за оваа капања го пронаоѓаат кон ВМРО ДПМНЕ, и потсетуваат дека сличен случај на подмолна кампања имаше за време на парламентарните избори кога активисти на владеачката ВМРО – ДПМНЕ делеа пропаганден материјал на други политички партии, со цел да ги збунат граѓаните.
Од ВМРО ДПМНЕ пак се оградуваат од сетоа ова и додаат дека повеќе од оигледно е дека бројот на оние кои се тотално незадоволни од Градоначалникот Петрески е се поголем и поголем.
„Обидот некакви летоци да ги припише на ВМРО ДПМНЕ е само доказ за неговиот страв и паника. Но,доаѓа времето кога oна зло што го садел Петрески веројатно ќе си го жнее. Затоа наместо квалификации Петрески треба да сфати дека очигледно граѓаните на Охрид се згрозени од неговите лаги и манипулации“, велат во својот допис од ВМРО ДПМНЕ.
Тие на кракот потенцираат дека „ Очигледниот факт дека граѓаните ја препознаваат и очигледно се согласуваат со нашата отворена борба е само потстрек борбата да ја водиме и натаму со цел да објасниме на граѓаните дека вака не се раководи со Охрид туку дка Охрид заслужува многу поинаков пристап“, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
{loadposition content9}