Пандемијата донесе отуѓување
Новото нормално – пандемијата со Ковид 19 предизвика отуѓување. Истражувањето кое го спроведуваат социолози и психолози од Филозофскиот факултет покажа дека драстично се изменил односот меѓу луѓето.
После две години виртуелен свет, се изгубија исконските вредности за социјализација, прегратките, дружбите, детските игри, а стравот е длабоко вкоренет.
Иако мерките се намалени, пандемијата стивнува, траумите сеуште се присутни.
Фрапантни се истражувањата, верувајте дека повеќе од 70% одговорија знаете ние си продолживме со виртуелно кафе. Какво е тоа виртуелно кафе, за време на ковидот се вклучувавме на скајп или на вибер и пиевме кафе во исто време и си разменуваме што се случило, тоа ни стана навика – вели професор Татјана Стојановска Иванова, социолог.
Анксиозност, депресии и несоница се најчестите долгорочни последици од Ковид-19. Тежок и долг ќе биде патот за враќање на старите позитивни навики од пред пандемијата.
Со почести масовните медиуми покажување на примери со позитивни вредности, теми од културата, од уметноста, музикотерапија, кои ќе ги расположат, можеме полека полека да се враќаме на нормалното – додава Иванова.
Социјалната дистанцираност, карантините и изолацијата ги изменија навиките и емоциите кај луѓето. Пандемијата предизвика страв, вознемиреност и загриженост за сопственото и здравјето на блиските, што придонесе за зголемен број на психолошки заболувања.
Новинар : Соња Рилковска