Збогум Буково организира панел дискусија на којашто ќе се дискутира за состојбата со депониите и предлог решенија за спречување на непрописното депонирање на цврст отпад во општина Охрид.
Настанот ќе се одржи во петок 13-ти февруари, во ресторанот на кровот на хотел Су, а почетокот е закажан симболично во 11 часот и 55 минути.
Ќе говорат Дарко Блинков, Инспектор за животна средина од Државен инспекторат, Вера Рауник Раководител на одделение за управување со отпад во општина Охрид, Емил Ангелов експерт за управување со отпад од Салар Интернешенел и Ѓоко Савески координатор за диви депонии во ЈП Охридски Комуналец. Настанот е отворен за сите заинтересирани граѓани кои ќе имаат можност да постават прашања или да споделат предлози и мислења во врска со дивите депонии во општината.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведуван од неколку невалдини организации а финансиран од Швајцарската Амбасада.
