Skip to main content

Панел за кариера утре во Црвен крст Охрид

Панелот претставува одлична можност младите да слушнат инспиративни приказни и да стекнат знаења што ќе им користат во остварувањето на нивните цели.
 |  инфодеск  | 

Панел за кариера ќе се одржи на 13 октомври со почеток во 19:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид. Настанот е во рамките на програмата за развој на младинско лидерство, „Млади лидери создаваат иднина“.

Учесници во Панелот ќе се наши успешни сограѓани. Тие ќе зборуваат за својот кариерен пат и за своите професионални искуства, како и за знаењата и вештините потребни за да се успее во нивните професии, информираат од Црвен Крст Охрид.