Skip to main content

Директорот на охридскиот дом смирува нема место за паника

Паника завладеа кај студентите и нивните родители по најавите дека државниот студенски дом „Никола Карев“ ќе се пренамени во центар за изолација и карантин во случај на потреба доколку дојде до ширење на Ковид 19. Нема место за паника ни страв порачува директорот. Домот ќе се пренамени само доколку дојде до енормни појави на болеста.  Денес, започна дезинфекција на  собите  во студенскиот  и ученичкиот дом за кои беше одлучено да се пренаменат во центри за изолација во вонредна ситуација.

 |  Валентина Неловска  | 

Паника внесе кај студентите и родителите вчерашната информација од работната средба во охридската локална самоуправа дека во случај на потреба студенскиот и училишниот дом ќе бидат пренаменети во центри за карантин за изолација и лекување на лесни случаи заболени од Ковид-19 во општина Охрид. Веднаш почнаа јавувања од родителите кои загрижени прашуваа како се ќе се одвива, информира директорот м-р Жарко Куциноски од СД Никола Карев.

„ Апелирам да нема паника да не се создава страв кај студентите и родителите, домот нормално функционира, нема заболени нити некој сместен нема ни сомнителен. Тоа е во случај ако дојде до енормно зголемување да се поплнат сите капацитети со кои Охрид располага па дури тогаш ќе се размислува за СД Никола Карев.

Инаку, во случај на вонредни околности двата државни домови со капацитет од околу 60 соби ќе бидат ставени на располагање на медицинскиет установи за лекување. Денес почнаа и подготовките.

„ Денес почна дезинфекцијата на Студенскиот дом од рано утрово. Службите на центаро за јавно здравје дојдоа и се преземаат сите мерки за безбедност за да се вратат во студенскиот дом“.

Во домот во моментов се сместени 5 мина интернационални студенти кои нема каде да заминат иостна аво студенскиот дом. Има 2- ца студенти од Јужна Америка, 2-ца од Албанија и еден од Србија. Над стотина студенти од земјава го напуштиле студенскиот дом и дома ќе бидат до 24 март до кога трае и владината препорака за напуштање на факултетите и училиштата.