Панорамскиот автобус засега вози само холандски туристи
Панорамскиот автобус засега вози само холандски туристи.
Единствениот панорамскиот автобус во градов засега вози само холандски гости. Туристичките тури за холандските гости ги организира агенцијата „Ohridholidays“ која го има изнајмено од ЈП Билјанини извори, во чија сопственост е автобусот. Оваа година за првпат„Ohridholidays“ се организатори на туристички разглед на градот во кои е вклучена понудата превоз со панорамски автобус од хотелите до градскот пристаниште. Тие организираат патување со брод до Св. Нуам, а до пристаништето пристигнуваат со двокатниот автобус. Гостите се задоволни и покажуваат голем интерес да се возат со него, напоменува Игор Ангелески од оваа туристичка агенција. Автобусот се ангажира 3 пати во неделата, во понеделник, среда и петок, а доколку гостите пројават интерес се изнајмува и во сабота, појаснува Ангелески. Посочува дека во моментов се ориентирани само на гостите од Бенелукс , но размислуваат за следната сезона да ја проширата понудата.
„ Ова е полудневна екскурзија им нудиме нешто плус на гостите да не им биде монотоно. Да имаме повеќе туристи , да не се од земјите на Бенелукс, без разлика од каде доаѓаат ќе ја прошириме понудата. Ќе им дадеме дополнителна можност за уживање како во сите туристички дестинации во Европа и светот, а ние да се издигнеме на едно повисоко ниво. Ако има интерес и за следната година ова е едно убаво доживување за гостите“, кажува Ангелески.
ЈП Билјанини извори со ваквиот потег издавање на панорамскиот автобус под наем очекува добивка. За разлика од мината година кога автобусот беше неискористен на паркингот пред претпијатието сега превезува гости, а туристичката агенција плаќа одреден износ на претпријатието.
Портпаролот на Локалната самоуправа Томе Џамтоски информира дека Билјанини извори се задоволни од досегашната економска исплатливост на издавање на автобусот под наем.
„ Јавното претпријатие има склучено договор во кој се наведени таксативните одредби на двете страни. Во моментов околку 4000 денари од секоја тура се инкасираат во касата на Билјанини извори, кажува Џамтоски. Тука влегуваат и трошоците кои се меѓусебно договорени“, вели портпаролот Џамтоски.
По завршување на туристичката сезона ќе се пресметува вкупната добивка од ваквиот начин на работење и исплатливоста на издавање под наем на панорамскиот автобус, кажува Џамтоски. Инаку, автобусот е подарок на владата на општина Охрид која пак го предаде на стопанисување на ЈП Билјаниани извори минатата година.
{loadposition content9}