Паноски: Политичката борба е споредба на сработеното
Поентата на политичката борба е споредба во сработеното, а се друго е губење време во шпекулации и манипулации, се јавија денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, како реакција на пресот на охридските социјлдемократи.
Очекуваме реални политички теми на прес конференциите на охридските социјалдемократи, се огласија денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Дејан Паноски рече дека во предизборието нормално е СДСМ да покажат дека постојат, но барем тоа да го направат со издржани пресови.
„Имено, очекувавме а и натаму очекуваме на пример да свикаат прес и да кажат како тие го раководеа Охрид во периодот 2005-2013 година, кои резултати во тоа безмалку десетлетие ги постигнаа, колку на број добри дела направија за Охрид, колку објекти од јавен интерес изградија, колкава добивка во работата на јавните претпријатија на локално ниво остварија, колку го заштитија Охрид , како и каде ги трошеа Буџетите на Општината и пред се која вредност и инвестиција ја донесоа во Охрид за 8 години“ – изјави Паноски.
Паноски нагласи, дека добро би било кога охридските социјалдемократи барем еднаш би се изјаснале на своите пресови што направиле на полето на економијата во државава.
„Но, се додека не свикаат прес со таа тема, се додека не изнесат барем еднаш некој свој политички став, ги мотивираме уште еднаш да се изјаснат за политичките ставови и економските мерки кои ги носи ВМРО ДПМНЕ и Владата во интерес на граѓаните.
На пример, дали за СДСМ е прифатлива мерката за зголемување на пензиите на пензионерите? За нас во ВМРО ДПМНЕ тоа е одлична мерка и за пензионерите во Охрид. Дали за нив е прифатлива мерката за зголемување на платите на администрацијата? За нас во ВМРО ДПМНЕ тоа е добра мерка и за охридската локална и државна администрацја. Дали за СДСМ е прифатлива мерката за зголемување на минималната плата во државата? – објаснува паноски.
За крај Паноски истакна дека во ОО на СДСМ треба да им биде јасно дека поентата во политичката борба е споредба на сработеното, а се останато е губење време во долги пресови, шпекулации и манипулации.
{loadposition content9}