Параглајдеристите бараат изземање од ценовникот на НП Галичица
Параглајдеристите бараат изземање од ценовникот на НП Галичица.
Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е дека високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам. Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите.
„ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините Огнен Достиноски од НП Галичица.
Мендо Велјаноски, македонски светски првак во параглајдинг остро реагира на ценовникот кој се однесува за нив. Велјаноски за ТВМ вели со ставката во ценовникот на паркот се добива впечаток дека наплатуваат за воздух. Со овие цени ќе замре летањето и туризмот. Разбирливо би било да се наплаќа некоја симболична цена, но треба да се понудат и услови, пример да има автоматска метереолошка станица која ќе покажува какво ќе биде времето за летање за да не биде залудно доаѓањето. Успешниот параглајдерист укажува дека летањето е бесплатно во европските земји.
„ Во Австрија, не се наплаќа летање како и никаде во Европа, а има и поволоности. Жичарата која чини 15 евра за едно одење, за параглајдеристите кошта 10 евра дневна карта, без ограничување за искачување и летање. Исто е и во Италија, Словенија, Швајцарија, Франција. “
Велјаноски е дел од организацискиот одбор на светскиот куп во акробатски параглајдеризам кој во јуни треба да се одржи во соседен Поградец, а подготовките на светските репрезентации било планирано да се одржуваат во НП Галичица. Сега тој е загрижен дека со ценовникот ќе бидат доведени во прашање подготовките. Параглајдеристите испратиле барање до ресорното министерство и НП да бидат ослободени од било какво плаќање. Националните паркови и да бидат во согласност со парковите во Европа. Во спротивно ќе се загубат туристите кои сакаат адреналински доживувања во Охрид, а ќе пропадне и 3 деценискиот труд кој се вложува за развој на овој вид рекреативен туризам, напоменува Велјаноски.
Менаџментот на паркот Галичица не сака да го коментира ценовникот. Кратко се повикуваат на законски донесената одлука за примена на ценовникот од јуни. Посочуваат дека ценовникот за наплата е правен во согласност со цените кои се применуваат во националните паркови во околните земји. Стапивме во контакт и со портпаролот на Министерството за животна средина со прашање како се формирани цените и какви насоки дала Владата при тоа. Ресорниот портпарол Сашо Секулоски со одговор дека информациите ќе ги добиеме в понеделник по враќањето на раководните луѓе од министерството од службено патување. Додека стигне ветениот одговор со највениот ценовник паѓа во вода изјавата на ресорниот министер Абдулаќи Адеми, дадена пред 11 месеци , кога тој кажа дека цените во националните паркови ќе бидат симболични.
{loadposition content9}