Нов обид да се направи ред со паркинзите
Нов тендер за издавање под закуп на паркинзите во Охрид.
Дознаваме дека тендерот кој беше објавен на 04 јануари и кој е отворен се до 12.01 2013 год. е направен со одлука на советот на 05.дек. 2012 год. и студијата изработена од страна на одделението за комунален развој и сообраќај.
Раководителот на одделенито за сообраќај, Зоран Шикалески објаснува дека во тендерот покрај добро познатите паркинг места, вметнати се и нови. Станува збор за местата кои преку цела година привлекуваат посетители и околу кои има многу автомобили, како што е улицата 7 ми ноември во делот кај новоотворените маркети.
Согласно изработената студија утврдени се три зони за паркирање, прва, втора и трета. Во првата спаѓаат Булевар македонски просветители, дел од улицата Партизанска на потегот од поштата до поранешен Дом на АРМ каде што сега е факултетот за информатички науки и кеј маршал Тито. Втората зона опфаќа дел од Партизанска после спојот со Кузман Јосифоски Питу , дел од Јане Сандански, Димитар Влахов и попречните улици меѓу нив, а третата зона е дел од улица асном, во делот кај ФТУ и дел од Туристичка и 7 ми ноември. „Во студијата се утврдија многу фрапантни податоци по однос на пополнетоста на паркинг местата“, вели Шикалески.
„Имено на шест улици забележавме 80% пополнетост целодневно, 24 часови,каде постојано има исти автомобили според по регистарските таблички. Овој податок е доста загрижувачки затоа што ние сметаме дека во централното градско подрачје има 1300 паркинг места, а кога ќе одземиш 80% од нив затоа што се нон стоп зафатени ќе добиеме податок дека немаме ни 300 пакинг места“, вели раководител на одд. За сообраќај,Зоран Шикалески.
Шикалески додава дека според студијата, паркирањето ќе биде зонско, а наплатата наверојатно се ќе врши или преку банкомат или со СМС пораки.
„Се утврдија и цените според кои колку може да изнесува паркирањето според зоните. Чинам дека за првата зона беше максимална зона 40 денари за секој нареден час 30 денари, втората зона 30 а секој нареден сат 25 денари, а третата зона мислам дека беше 20 денари за два часа паркирање. Сметаме дека на ваков начин доколку се организира паркирањето ќе ги решиме проблемите со целокупниот сообраќај во општина Охрид“, вели Шикалески.
Според тендерот кој го објави општина Охрид за давање под краткотраен закуп за период од 5 години на градежно изградено земјиште согласно Студија, на електронското јавно надавање може да учествуваат Физички лица: државјани на Република Македонија или државјани на држави членки на Европската унија, Правни лица, домашни и странски.
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во писмена форма) за паркинг зоните, а покрај целокупната документација треба да имаат и Банкарска гаранција од 1.000.000(еден милион) денари за сериозност на понудата со важност до 28.02.2013 година.
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање.
Најповолниот понудувач е должен да ги уреди паркинг зоните согласно Студијата за утврдување на систем за улично зонско паркирање во централното градско подрачје на Општина Охрид како и да се придржува кон утврдениот режим на сообраќај. Плаќањето на закупнината според тендерот ќе се врши еднаш годишно.
{loadposition content9}