Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода
На паркингот кај Центарот за обука на вода само привремено не се наплаќа. Се чека да биде уреден. Од ЈП „Билјанини извори“ задоволни како функционираат останатите паркинзи во градов кои се под нивна концесија.
Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода. Гостите кои тука минатото лето паркирале и плаќале по 30 ден. за час пријатно изненадени. Тие прашуваат на што се должи ова олеснување. Од ЈП „Билјанини извори“ кои минатата година стопанисуваа со овој паркинг објаснуваат дека не се откажани од него.
Овој паркинг треба дополнително да се уреди. Треба да се фрли чакал и да се обележи. Паркингот треба да се направи по сите стандарди. Се до тогаш нема да се наплаќа, вели Теодор Андоноски-раководител на секторот паркинзи при ЈП „Билјанини извори“.
Уредувањето на овој паркинг простор требаше да заврши пред почетокот на летнава сезона, но доцни доставата на чакалот со кој треба да се покрие, објаснуваат од ЈП „Билјанини извори“. Штом пристигне веднаш ќе биде уреден. Причина повеќе да се уреди овој паркинг е и изградбата на пешачката патека. Со тоа овој простор ќе добие една целина, објаснуваат од таму. Овој паркинг минатото лето работел рентабилно па затоа во интерес на претпријатието е што поскоро да биде ставен во функција. Од Секторот за паркинзи при ЈП „Билјанини извори“ здоволни се како функционираат и останатите паркинзи во градов кои се под нивна концесија. Велат дека наплатата во споредба со минатото лето е зголемена речиси за 50%.
Тоа се должи на добрата организација, но и на зголемувањето на цените за паркинг. Мораше да се примени оваа не така популарна мерка бидејќи со воведување на летниот режим на сообраќај ние изгубивме многу паркинг места како на пример на Кеј „Македонија“ и на градскиот плоштад. Со одлука на совет се реши да се зголемат цените, но само во летниот период, вели Андоноски.
Сега во зоната А за еден час се наплаќа по 40 ден, а во зоната Б по 30 ден. Ова ќе важи до 1ви септември кога цените ќе бидат намалени за десет денари.
{loadposition9}