Нема улица во центарот на Охрид каде не се наплатува за паркинг
Проширена зоната на која се наплатува за паркинг во центарот на Охрид.
Нема место каде не се наплатува за паркинг во Охрид и тоа по 50 денари од час. Граѓаните реагираат и спас бараат од локалната. Првиот човек на Охрид градоначалникот Бакрачески објаснува кој е виновен за ваквиот однос на концесионерот.
„Граѓаните многу добро знаат дека со одлука на тогашниот совет на Општина Охрид покрај паркинзите во централното грдско подрачје се проширува паркинг зоната и на останатите улици“, вели градоначалникот. Според него неразумна е одлуката и на советот и на поранешниот градоначалник покрај еден договор со кој беше опфатен плоштадот и неколку улици да биде потпишан уште еден договор за проширување на зоната на паркинг посторите.
„Потпишувањето на тој договор е под сомнителни околности со оглед на тоа што комисијата одредена од страна на тогашниот градоначаник јасно се произнесла дека после три предупредувања од антикорупциска комисија да прекине постапката од кое последното известување е дека мора да се поништи, комисијата за спроведување на постапката постапила според препораките на антикорупциска комисија и донесла решение со кое ја поништува постапката. И покрај тоа што комисијата ја поништила постапката бившиот градоначалник не постапил според препораките на комисијата која сам ја именувал и лично самоволно потпишал договор за проширување на паркинг зоната и користење на тие паркинг простори“ вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Градоначалникот најави дека по барање на советот на општина Охрид закажана е седница на совет на која тој ќе даде детална информација за состојбата на паркинг просторите. Бакрачески појасна дека вчера била формирана комисија од пет членови еден адвокат, двајца правници, еден сообраќаен инжињер и еден економист. Овие лица траба да ја испитуваат правната регуларност и економската оправданост од давањето на паркинг просторите. „Судбината на овие паркинг простори зависи од одлуката на овие стручни служби“, вели Бакрачески.
{loadposition content9}