Паркинзите, повторно на дневен ред на седницата на совет
На дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид закажана за овој петок, советниците ќе расправаат за Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори.
На дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид закажана за овој петок, советниците покрај Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори, ќе расправаат и за извештаите за остварувањето на буџетот на општината, реализацијата на програмите за туризам, урбанистички планови, локални патишта и улици, јавна чистота, јавно осветлување, водоснабдување, отпадни води, сообраќајна сигнализација и др.
Советниците ќе ги усвојуваат и финансиските извештаи од јануари до март на јавните претрпијатија РЕ Водовод, ЈП „Охридски Комуналец“,ЈП „Нискоградба Охрид“, ЈП „Градски гробишта“, ЈП „Погребни услуги“,ЈП „Билјанини Извори“ и ЈП Градски Пазар Охрид.
{loadposition content9}