Паркинзите повторно тема на пресс на ВМРО-ДПМНЕ
„Доделувањето на паркинзите на градот под концесија, криминален и скандалозен чин“, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Доделувањето на градските паркинзи под концесија, од страна на Локалната, повторно тема на прес конференција на општинската ВМРО-ДПМНЕ. Портпаротлот Никола Митровиќ истакна дека нашиот град веќе осум години е заложник на неодговорната политика на градоначалникот Александар Петрески како и на мала група блиска до него која буквално во последно време го тероризира Охрид. Портпаролот Митровиќ додаде дека криминал има и во спроведувањето на тековното работење со градските паркинг простори.
„Имено, според наши извори дознаваме дека соодветните инспекциски служби утврдиле дека лицата кои работат на паркинзите не се воопшто пријавени како вработени, за нив не се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување како и останатите давачки за регулирање на работен однос“, изјави Миторвиќ.
Од охридскиот комитет на ДПМНЕ потенцираат дека ова е класична злоупотреба и експлоатација на луѓето коишто работат од сопствениците на приватната фирма која ги стопанисува паркинзите. Во таа насока, од оттаму најавија дека ќе бидат поведени соодветни постапки пред надлежните инститтуции.
„Со ова незаконско постапување и со незаконското зголемување на цените за паркинг на 50 денари како и погрешната одлука за окупација на слободните паркинзи во Охрид на виделина излегува големата корупциска афера со доделувањето на паркинзите во Охрид под концесија“ потенцира портпаролот Митровиќ.
Портпаролот Митровиќ за крај потенцираше дека токму поради тоа на наредните локални избори Петрески ќе биде казнет и испратен во историјата на градот Охрид како градоначалник кој највеќе му наштетил на својот град и на своите сограѓани.
{loadposition content9}