Skip to main content

50 денари за поминување по сообаќајница

Треба да платите 50 денари, доколку поминувате по Македонски Просветители.

 |  Маленкова Татјана  | 
parking aparat
паркинг апарат

Доколку сакате да поминете по сообраќајницата Македонски просветители во делот помеѓу двете рампи, треба да платат 50 денари. Од оваа нова појава најпогодени се дитрибутерите кои и по неколку пати во денот минуваат тука вршејќи дотур на стока.  При влез на рампата кај поштата добивате жетон, но со него не можете да излезете на рампата пред Капетанија, затоа што на неа пишува дека за излез треба картичка, која ја имаат само жителите на стариот дел од Охрид. По поплаките кои ги добивме, за проблемот со кој се соочуваат сите, parkinziосвен жителите на стариот дел на Охрид, се уверивме и ние. Откако уредно си плативме како да сме паркирале и место фискална добивме парагон блок, одговор побаравме од првиот човек на Охрид.  Градоначалникот ни откри дека вчера го запознале со овој проблем, и вети дека за многу брзо време истиот ќе биде решен.

„Вчера слушнав за тој проблем и денеска имам состанок со конеционерот и сигурно тоа уште денеска ќе се исправи. По мене најверојатно станува збор за недостаток на жетони, затоа што многу граѓани поготово таксистите ги земаат жетоните и има недостаток на жетони. Ве уверувам дека ќе се надмини овој проблем и дека ќе се врати стариот режим на сообраќај, затоа што летниот беше до 01 септември“, вели градоначалникот Александар Петрески.

Раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај, Зоран Шикалески вчера ни кажа дека и покрај тоа што летниот режим по правило требаше да заврши до 01 септември, истиот вежи се додека не сеparking aparat донесе нова одлука на совет. Шикалески поинаку го протолкува овој проблем.

„Секое запирање, согласно стариот закон подолго од 15 минути  е паркирање, со измени на законските одредби согласо новиот закон секое запирање подолго од три минути се смета како паркирање“, вели раководител на одд. Комунален развој и сообраќај, Зоран Шикалески.

Како и да е, овој проблем мора што поскоро да се надмине, затоа што трпението на граѓаните е тенко. Останува да се надеваме дека градоначалникот и концесионерот на денешната средба ќе изнајдат решение за проблемот.

{loadposition content9}