Skip to main content

Парламентарки“ комедија која ќе ја насмее публиката и исмее реалноста

„ Парламентарки“ комедија која ќе ја насмее публиката и исмее реалноста.

 |  Валентина Неловска  | 
komedija

9 члена актерска екипа е подготвена пред охриѓани да ја одигра премиерата на претставата Парламентарки. Ова е 5-та премиера на охридскиот театар. Претставата е инспирирана од комедијата „Жени  во народното собрание“  од старогрчкиот комедиограф Аристофан.

парламентарки„Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а од друга се заминава со човековата глупост во желбата за власт и моќ, напоменува драматургот Сашо Димоски.
Потребата да се напише нов текст произлегува  од глобалните и локалните политички настани кои станаа дел од нашето секојдневие од кое не може да се избега, вели драматургот Димоски.

„ Од таа рамка направивме една претстава полна со карикатури која под чадорот на комедијатат испраќа неколку силни пораки за позицијата на власта, за желбата за моќ и потребата секогаш да се биде некаде во врвот на одлучувањето и диктатурата на политичките случувања и да се креира политиката на еден  народ“, подвлекува драматургот Димоски.  
Ненад Витанов, по претставата „Детектор за лаги“, по втор пат соработува со охридскиот народен театар.

театарОвој пат режира комедија, жанр за кој ќе рече дека лично најмногу го сака. Комедијата секогаш дава точен приказ  дали сме ја погодиле темата, дали се смееме на вистинската  тема. Преку смеата се препознаваме во реалноста, кажува Витанов. Додава дека тимот актери на активен и оргинален начин ја креирале претставата. Направивме интересна комедија која корспондира со нашето современие, реалноста во овој момент. Се надеваме дека точно ги погодивме аномалиите и ги претставивме во духовита  форма.   

„ Без духовноста ова се би било премногу сериозно. Реалноста е премногу сериозна мора  да ја исмееме и реалноста и самите нас во та реалност. Презадоволен сум од резулатот од сработеното на тимот , а  на публиката останува да го види секого низ нашите очи на театарот“, наведува Витанов.

Еден од 9 мината  актери кои играат во претставата е и Сашо Ристовски. Тој ветува еден час и 40 минути исполенати со смеа на се она што денес ни се случува. Станува збор за текст кој е актуелен кога и да се постави, вели Ристовски.

„Јас ја играм 130 годишната  баба, револуционерка. Таа  е желна за власт,  гледајќи од страна, како и секој човек во општеството, дали е погрешно или  не знам и не можам да судам. Имавме преубав процес на создавање на претставата и од  целата екипа која учествуваше ги поканувам гледачите да дојдат. Убеден сум дека ќе нема празно столче на оваа претстава“, додава Ристовски.    

Во претставата „Парламентарки“ мажите играат женски улоги, а покрај     Сашо Ристовски играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Ивица Цонев, и акатерките Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ Вењаноска и Елизабета Стефаноска.  Сценографијата е на Филип Витанов, костимогарфијата е на Катерина Чукниева.