Екипи на ЈП „Нискоградба“ денес работат на партерно уредување на улицата „Славеј Планина“.
Се уредуваат 420 метри квадратни, а износот на зафатот изнесува 900 000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.