Партиите го чекаат крајниот рок за поднесување на кандидатските листи за пратеници
Иако денес официјално започнува кампањата за претседателски избори, вниманието на јавноста насочено и кон предвремените парламентарни избори.
Иако денес официјално започнува кампањата за претседателски избори, вниманието на јавноста насочено и кон предвремените парламентарни избори.
Некои од политичките играчи сеуште го чекаат крајниот рок за доставување на кандидатски листи за пратеници, додека други веќе излегоа со подетални листи кои до крајниот рок, неминовно ќе претрпат одредени измени.
Започнуваме со информациите за кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, најголемата владејачка партија, кои сеуште се на граница со шпекулација. Официјалниот став на партијата е дека целосните листи на кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори во сите единици ќе ги знаеме до 29-ти март.
Најголемата опозициона партија СДСМ, на неодамна одржаниот Конгрес, генерално ја усвои листата на кандидати за пратеници, меѓутоа одлучи да му даде мандат на Претседателот на партијата, до крајот на законскиот рок за поднесување на кандидатурите кој истекува на 29-ти март, да ги изврши потребните дополнувања и измени.
Само за споредба, на претходните парламентарни избори кога од СДСМ Охрид имаше само еден кандидат за пратеник, овојпат на листата се тројца. Тоа се претседателот на О.О на СДМС Томислав Тунтев, на втората позиција, Митре Вељаноски, пратеник во последниот собраниски состав, кој се најде на седмата позиција како и Мишел Силјаноски кој се најде на 19-та позиција.
Изборна единица број 5
2. Томислав Тунтев
7. Митре Вељановски
19. Мишел Силјановски
Информациите кои доаѓаат од помалите партии речиси идентични. Ванчо Костоски, претседателот на ОК на ВМРО-Народна од Охрид вели дека Извршниот комитет на партијата по налог на Централниот комитет веќе ги составил листите, кои најдоцна до утре ќе и бидат познати на јавноста.
Од Граѓанската опција за Македонија -ГРОМ, претседателот на О.О Љупчо Настоски вели дека за два дена ќе се одржи состанок на Централниот комитет на партијата после кој ќе бидат обелоденети официјалните листи на ГРОМ.
Слични се и информациите кои доаѓаат од ПЕИ. Сејадин Џафери портпаролот на на Партијата за европска иднина, не информира дека за утре во 18 часот во Гостивар е веќе закажан состанок на централниот одбор на партијата, после кој ќе се знаат целосните листи на кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори во сите единици.
{loadposition content9}