Христијана Парулеска ги донесе европското злато и сребро во Охрид. Дочекана од своите другарчиња од клубот, градоначалникот Кирил Пецаков и голем број охриѓани на градскиот плоштад, таа кажа дека благодарение на градот и атмосферата која ја дочекала успеала конечно да ја совлада и возбудата после освојувањето на европскиот таеквондо трон.
Европското злато во традиционално такевондо при ITF за кадети е остварување на нејзиниот сон. Парулеска вели дека за да се постигне ваков успех треба труд и посеветеност. За неа овој спорт е животот.
„За мене во моментов овој спорт значи можам да кажам мојот живот. Без него не можам да живеам. Сакам да се заблагодарам на сите што дојдовте овде и што ми помогнавте да се соземам.„-изјави Парулеска за медиумите на градскиот плоштад во Охрид.
На патот до европскиот трон, пред Парулеска паднаа бугарската, хрватската и украинската репрезентативка. Таа, на последното Европско првенство кое се одржа во Јесоло, Италија, беше прогласена и за најдобра кадетка, признание кое лично го доби од господинот Руџиеро Ланоте, организатор на Европското Првенство и Претседател на Италијанската Теквон-до Федерација.,а официјално е и вице шампионка во дисциплината форми. Марјанчо Лазаревски, претседател на македонската ИТФ, тренер и претседател на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид кажа дека се подготвувале, иако златото за нив како мала држава секогаш беше недостижно.
„Ова е историски успех, прв пехар што некој натпреварувач во пеодинечна конкуренција го освоил. Значи, европски шампион и најдобар меѓу најдобрите. Јас мсилам дека овој успех тешко дека некогаш ќе можеме да го повториме.“- изјави тренерот на Парулеска, Марјанчо Лазаревски, претседател на македонската ИТФ репрезентација.
Лазаревски се заблагодари на спонзорите без чија помош овој успех не би можел да се оствари, како и до Агенцијата за млади и спорт. Посочи дека секоја помош од државата, локалната, секоја установа, инстиуција, правно или физичко лице е добредојдена. На нив останува таа помош да ја оправдаат, како што го направија со овој успех. Градоначалникот Пецаков ја пречека младата Христијана и кажа дека ова е светол пример за спортот, согласен дека резултатот не е случаен, зад него стојат многу труд и посветеност.
„Ова е врвот. Европски шампион. Пехар за најдобар кадет, успеавме и како град да добиемеме, а секако и држава, ова е прв пат. Од наша страна поддршката ќе продолжи на тој начин вложувајќи во младите.“ – кажа Градоначалникот.
Продолжува победничкиот галоп за нашите најдобри борци со Меѓународниот отворен турнир „Зворник“ во Босна и Херцеговина, на почетокт на јуни, „Софија Опен“ на 24-ти јуни, ќе следи „Охрид Опен“, а се надеваат и на учество на Светското првенство во Астана, Казахстан.