Skip to main content

Гранки, испаднати дрва, камења и земја на потегот од Кошишта до Горна Порта

Дваесетина дена одвивањето на сообраќајот на потегот од Кошишта до Горна Порта е отежнато. Гранки, испаднати дрва, камења и земја се наоѓаа на самиот коловоз. Граѓаните кои живеат таму реагираат и бараат од службите во локалната да го расчистат коловозот бидејќи на улицата не можат да се разминат две возила.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kosista
кошишта

Гранки, испаднати дрва, камења и земја преставуваат голема пречка во одвивањето на сообраќајот на потегот од Кошишта до Горна Порта. Ваква е сликата од предновогодишните празници кога во Охрид заврнаа 30тина сантиметри снег кој беше причина многу стари дрва да се откорнат адрва на пат и потпорниот ѕид да попушти. Граѓаните кои живеат таму реагираат и бараат од службите да го расчистат коловозот бидејќи на улицата сега не можат да се разминат две возила. Од Локалната објаснуваат дека Градоначалникот во координација со стручните служби и со Јавните претпријатија направиле план како ќе се санираат последиците од снегот.

drva na patЌе се санира и тој дел од градот. Граѓаните треба да бидат стрпливи и да знаат дека најнапред се отстрануваа електричните столбови кои беа паднати поради снегот, се поправаа светилките, се оспособуваа пристапните патишта до населените места и се вршеа други поприоритетни работи, вели  Томе Џамтоски-портпаролот на Локална самоуправа.

Реакциите на граѓаните и нашата реакција вродија со плод. Претпладнево екипи од ЈП Комуналец излегоа на терен и ја расчистуваа улицата св.Климентов универзитет. Ги подигаа паднатите стебла и испаднатите камења, а допрва ќе се санира потпорниот ѕид.

{loadposition content9}