Свечено пуштен во употреба патот од Лескоец до Скребатно
Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Тој потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата преку Агенцијата за државни патишта.
Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Овој локален пат со должина од 8км е изграден со средства од Владата во висина од 25 мил. Денари. Груевски истакна дека сега сите граѓани кои живеат во овој дел од Општина Охрид како и сите намерници кои го посетуваат манастирот Св. Богородица во Скребатно не ќе мора да газат во кал и прашина бидејќи е изграден еден широк и модерен пат кој ќе го користат многу години.
Премиерот потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата преку Агенцијата за државни патишта. Тој кажа дека со државни пари е направен и патот кој води до манастирот Св. Недела, изградена е и обиколницата Железничка, локалниот пат до селото Велгошти, целосно е реконструиран охридскиот аеродром, направен е Заливот на коските. Груевски ги спомна и спортските сали и игралишта кои ги изградија во Општина Охрид како например салата во Велгошти чија изградба е при крај. Не заборави да ги спомене и становите за социјалните случаи од градов кои беа пуштени во употреба пред година и половина, а за крај како најкапитална Владина инвестиција во Охрид ја потенцира големата реконструкција на охридската болница.
Груески им се заблагодари на охридските пратеници за нивните заложби за реализација на проектите, како и на Агенцијата за државни патишта и на Министерот за Финансии, Зоран Ставрески кој изнаоѓал средства и начин како да се финансираат ваквите проекти за охридскиот крај да биде што поразвиен, а со тоа да стане и поубаво место за живеење.
{loadposition content9}