Skip to main content

Патот на плашицата

Угина во каналот, ја изџвакаа во партиските кујни , а сега ниту галебите не ја јадат

 |  Јаковлева Лионела  | 
plasica
plasica

plasica10 февруари. Телефонски повик до редакцијата на ТВМ. Се јави  познат екологист од Охрид. Новинари брзајте, земете камера и доаѓајте во каналот „Студенчишта“. Се случи природен феномен. Јата на плашици се собрани во каналот.
11 февруари, нов момент. Не е феномен туку еколошка катастрофа. Помор на плашицата. Тогаш претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“,  Радован Димитриески рече дека „Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“. На терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата, Јован Бојчевски кој рече дека на терен затекнале голема количина на угинати плашици за што веднаш бил информиран Хидробилошкиот завод од Охрид како овластена институција од државава од делот на рибарството.

DimitrieskiОд Центарот за јавно здравје изјавија дека поморот е поради недостаток на кислород во водата на каналот. И очевидци даваа изјави. Едни велеа дека имало 3 до 4 тони угината риба во каналот, други пак дека небиле толку туку биле дваесетина килограми. Додека тие се пазареа околу килограмите и тоните трети со кепчиња ја црпеа рибата.

ТВМ  се обиде да дознае  каде завршува изловената, угината плашица од каналот. Директорот на ЈП „Градски пазар“, Живка Анѓелоска информира дека во соработка со инспекциските служби веќе презеле строги мерки за да се спречи нелегална  појава на продажба на плашица во  пазарот . Ветеринарниот инспектор Прокопиј Поп Стефанија препорача да не се купува и конзумира угинатата плашица. И можеби некако се спречи плашицата да не заврши во тавче, но таа сепак заврши во партиските кујни. Прва се јави Локалната самоуправа. Видно загрижена го повика Министерството за транспорт и врски под итно да го исчисти Студенчишкиот канал во кој има повеќе од еден метар неисчистена тиња поради што е намалено количеството на кислород. Не заборави да потсети дека дел од одговорноста треба да сноси и ЕЛЕМ.


kanal StudencistaПетрески рече:„Каналот не е чистен сигурно 40-50 години па на некои места има половина метар тиња. Тој канал треба да го исчисти Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина. Со ова не се согласи  државниот секретар  за животна средина и просторно планирање, др. Соња Лепиткова. Таа рече дека Министерството за животна средина може да помогне, и дека има направено еден проект за тоа, но потенцира дека Локалната самоуправа треба да преземе лична одговорност и да набави машини со кои ќе го исчисти каналот.

Државата сака да стопанисува, но не и да чисти, а Локалната кога веќе треба да чисти, сака и да стопанисува со езерото. Додуша и едните и другите изразија подготвеност иако не е нивна обврска, да помогнат да се заврши работата. И толку. Зелените сметаат дека неможе институциите да играат пинг – понг со тоа кој е одговорен. Тие велат дека треба да се детектира која институција затаила со цел да и се укаже, па да се преземат соодветни мерки за надминување на состојбата, како проблемот не би се случил и со пастрмката.

uginata plasica

Она што е реалност, засега е само тињата во каналот „Студенчишта“ и плашицата која сеуште е таму и е потенцијален извор на зараза, ама на онаа вистинската, а не само на политичката. Не се дозна чија е одговорноста, кој требаше да алармира, кој треба да го чисти каналот и дали воопшто некој ќе го исчисти? Кутрата плашица сите ја искористија и ја оставија. Сега ниту галебите не ја јадат.

{loadposition content9}