Skip to main content

Реагираат жителите

Патеката кај плажите во Далјан со години оставена во лоша состојба

Дали е ова сликата која треба да ја видат гостите кои за претстојните Новогодишни и Божикни празници, според најавите, ќе бидат во голем број? Дали и кога, Локалната самоуправа на град Охрид и градоначалникот Пецаков ќе преземат мерки за реновирање на рекреативната патека која ја користиме секојдневно?, прашуваат жителите.
Патека Канео Далјан

Во рубриката „Ти си твојот град“ жители на населбата Далјан ни испратија слики од рекреативната патеката Канео-Далјан, која веќе неколку години е оставена во доста лоша состојба. Поточно, станува збор за делот кај плажите во населба Далјан. Ова е нивниот коментар:

Од двете најголеми партии, предизборно ветуваа дека ќе ја реновираат патеката и плус дека ќе ја довршат до Извидничкиот центар. Претходната власт не направи ништо за да ја среди, а и сегашната Локална самоуправа се уште не превзела никакви активности за реновирање на оваа патека која се наоѓа во еден од поатрактивните делови на градот, со оглед на тоа што е на самиот брег од Охридското езеро – реагираат жителите.

Патека Канео Далјан

Од населбата Далјан, патеката води кон црквата Канео, а потоа преку Мостот на желбите се поврзува со крајезерските улици и шеталиштето на градскиот кеј.

Дали е ова сликата која треба да ја видат гостите кои за претстојните Новогодишни и Божикни празници, според најавите, ќе бидат во голем број? Дали и кога, Локалната самоуправа на град Охрид и градоначалникот Пецаков ќе преземат мерки за реновирање на рекреативната патека која ја користиме секојдневно? – прашуваат жителите.

За жал моменталната слика од овој дел на градот е навистина лоша…Погледнете и самите од фотографиите во продолжение!

Патека Канео Далјан
Патека Канео Далјан
Патека Канео Далјан
Патека Канео Далјан
Патека Канео Далјан
Патека Канео Далјан
Патека Канео Далјан
Патека Канео Далјан