Патниот правец Охрид – Битола ќе почне да се реконструира
Патниот правец Охрид -Битола ќе почне да се реконструира.
Патниот правец Охрид – Битола ќе започне да се реконструира. Ова го најави пратеникот од 5 изборна единица Александар Николоски кој нагласува дека реконструкцијата на патната инфраструктура кон Охрид била негова заложба. Денес пратенците во Собранието на Р. Македонија дале зелено светло во процедува да влезе Законот за гаранција на заем кај Светска банка, со кој, меѓу другото, се предвидува изградба на патниот правец од Охрид до Битола, а треба да се реконструираат вкупно 112 км магистрални и регионални патишат во земјава, вели Николоски.
„ Од кои во првата фаза за една година треба да се гради патниот правец Охрид – Битола, а опфатена е делницатат Битола – Макази – Ресен и Ресен Буково. Вкупата иневстиција е во вредност од 52 милиони евра. Заемот е под исклучително поволни услови со рок на отплата од 23 години до 2037 година, со 6 години грејс период и ниска каматна стапка“, објаснува Николоски.
Поврзуавњето со обиколницата околу Охрид и со изградбата на обиколницата околу Ресен се очекува побрзо поврзување на патниот правец кој не терба да е подолг од 30 до 40 минути, напоменува Николоски.
„Она што морам да го кажам е дека во рок од 6 месеци од денес да бидат завршени сите процедури и да биде избран изведувач. Тој треба за 1 година да го изгради патот најдоцна до 2015 зимата да имаме комплетно рехабилитиран и реновиран пат од Охрод до Битола. Тоа е децениска заложба меѓу двата града во одлжина од 72 км и во нормални услови Битола треба да е трговски партнер на Охрид , а Охрид да е место за одмор на битолчани“, појаснува пратеникот Николски.
Овој патен правец во моментов е во лоша состојба па со неговата изградба, какои со изгардбата на автопатот Охрид – Кичево,с е очекува да се потикне локалната економија и да поефиксано да се поврзат охридскиот , струшкиот, ресенскиот и битолскиот регион.
{loadposition content9}