Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен
Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен.
Стамен Димоски од Рамне, кој постојано живее во оваа населба оддалечена од градот само 4 км, се жали на неисчистениот пат кој води до нивното село. Тој за ТВМ вели дека пред неколку дена дошла машина за чистење но наместо да го исчисти снегот само го затапкала и се расипала машината. Патот остана не исчистен, посочува Димоски. Тој се жали дека со неисчистен пат се соочуваат со години, а во селото има голем број жители кои постојано живеат или доаѓаат секојдневно од градот заради тоа што чуваат добиток.
„Песок има над магацините, кај кривината за Рамне, до тука има сол и толку е сета работа. Не можеме да врвиме по патот ќе се отепаме многу е замрзнато. Нека преземе Локалната самоуправа да се исчисти патот сега доаѓа и празникот Водици луѓето ќе треба да одат в црква, “вели Димоски.
Како се одвива сообраќајот во неколку охридски села ТВМ ги контактираше претседателите на неколку месни заедници. Тие кажуваат дека патиштата се тешко проодни. На патниот правец Охрид – Св. Наум автобусите возат со 10 миниту доцнење, велат трпејчани.
Од ЦУК побаравме коментар дали е точна информацијата дека некои села во охридско и Дебрца се отсечени непроодни. Митко Темелкоски од ЦУК на тоа вели дека патниот сообраќај на регионалните, магистралните и локалните патни правци се одвива во отежнати зимски услови , потешко се проодни, но се чистени.
„Според информацијата од Локалната самоуправа од Охрид патните правци се третираат и со огелд дек аима ниски тепертаури и ефикаснсоат на абразивните сртдтва беа со мал ефект. Се преземаа и ќе се преземаат мерки тие патни прваци да бидат повторно третирани со расчистување и опесочување“, информира Темелкоски.
Од ЦУК најавуваат дека службите ќе работат на расчистување на патните правци и по најавите декa за време на викендот се очекуваат нови снежни врнежи. Што се однесува до напојувањето со елeктричнa струја и од ЦУК и од ЕВН Македонија информираат дека напојувањето на домаќинствата со струја засега се одвива без проблеми.