Skip to main content

национален парк галичица

Патот преку Националниот парк Галичица е повторно прооден за сообраќај

Известување од Национален парк Галичица.
 |  инфодеск  | 

Јавната установа Национален парк Галичица ги известува граѓаните и посетителите дека патот преку Националниот парк Галичица, кој ги поврзува Охридската со Преспанската страна, е прооден за сообраќај.

Од Националниот парк апелираат до возачите и посетителите да се движат со зголемено внимание поради специфичниот планински терен, да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзина и да се однесуваат одговорно кон природата.