Skip to main content

Децениски проблем

Патот за Орман во целосен мрак, реагираат жителите

Жители на селото Орман, кое се наоѓа на неколку минути од Охрид, се жалат дека патот кон селото е во целосен мрак. Испратиле барање до Општина Охрид за улично осветлување, но сѐ уште ништо не е преземено.
Орман

Откако во рубриката „Ти си твојот град“ беше објавено дека голема скршена гранка од орев виси над патот кој води за селото Орман и претставува голема опасност за минувачите и возачите, добивме нова реакција од жител на Орман, за уште еден проблем кој ги мачи жителите.

Скршена гранка виси над патот за Орман

А што е со уличното осветлување? Сите градоначалници го ветуваат, но никој сѐ уште не го реализирал. Досега само мене два пати ме удри кола, а има уште којзнае колку вакви незгоди – вели Игор Дуноски за рубриката „Ти си твојот град“.

Тој додава дека неколкупати испратиле и барање за улично осветлување до Оштина Охрид, со име, презиме и потпис на сите жители, но надлежните сѐ уште не го решиле нивниот голем проблем.

Орман
Орман