Откако во рубриката „Ти си твојот град“ беше објавено дека голема скршена гранка од орев виси над патот кој води за селото Орман и претставува голема опасност за минувачите и возачите, добивме нова реакција од жител на Орман, за уште еден проблем кој ги мачи жителите.
Скршена гранка виси над патот за Орман
А што е со уличното осветлување? Сите градоначалници го ветуваат, но никој сѐ уште не го реализирал. Досега само мене два пати ме удри кола, а има уште којзнае колку вакви незгоди – вели Игор Дуноски за рубриката „Ти си твојот град“.
Тој додава дека неколкупати испратиле и барање за улично осветлување до Оштина Охрид, со име, презиме и потпис на сите жители, но надлежните сѐ уште не го решиле нивниот голем проблем.