Утре, понеделниk, 20-ти јуни 2022 година, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост, српскиот Патријарх г.г. Порфириј, во чија чест ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие), информира Дебарско – кичевската епархија
Во вторник, на 21-ви јуни 2022 година, г.г. Порфириј, од 10:00 часот ќе го посети храмот„ Св. Богородица – Перивлепта“, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и манастирот „Св. Наум Охридски“, соопштуваат од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид.