Пазарниот инспекторат во повеќе наврати се јавува како носител на активностите во рамките на своите надлежности, а е поткрепен од СВР и инспекциски служби. Посебно активностите во овој период од годината според началникот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалевски се насочни во искоренување на дивите чекачи на туристи во Охрид, но и кон дивите туритички агенции, односно регистрирани туристички водичи кои организираат патувања.
„Направени се повеќе контроли на автобуската станица во Охрид и превземени се мерки. на затекнатите прекршители на законот изречена им е глоба во износ од 700 евра. Глобата беше веднаш платена. Напоменувам дека согласно законот за туристичка дејност, организатор на патување може да се јави само лиценцирана туристичка агенција со лиценца А, а неможе туристички водичи“, вели Ѓорѓи Бошалевски, началник на пазарниот инспекторат.
Бошалевски открива дека биле изречени глоби од по 700 евра и кон лица кои посредуваат во издавањето на легла.
Во овој период активностите на пазарниот инспекторат насочени и кон дивите улични продавачи. Тој вели дека неодамна во Св наум затекнале комбе кое ги снабдува тезгаџиите во овој комплекс со бижутерија и разна друга стока. Одземената стока била во вредност од преку 200 000 денари, а на странските државјани кои ја препродавале им била изречена глоба во износ од 400 евра.
„Во овој период од уличните продавачи им беше одземена роба прку 300 000 денари – текстил, бижутерија. Тоа го правиме во соработка со полицијата. И оние кои продаваат посебно во вечерните часови имаме развиено добра соработка посебно со полицијата. Робата им се одзема и согласно законските прописи се изрекува и соодветна глоба“, вели началникот Бошалевски.
Во соработка со полицијата пазарниот инспекторат го контролира и почитувањето на работното време донесено од страна на советот на општина Охрид. Неколкуте сопственици на локали кои го прекорачиле ова работно време заработиле глоба од по 2500 евра.
Што с еоднесува до горливиот проблем на охриѓани – бучавоста., началникот вели дека тоа не е надлежност на пазарниот инспекторат, туки на општинскиот, за што сите поплаки од граѓани ги насочува на општинската адреса.
Деновиве се контролира и поставувањето на урбаната опрема. Постапката дали угостителските објекти имаат одобрение за поставување на урбана опрема е во тек, по што се очекува да се превземат соодветни санкции спрема оние кои своеволно ќе постават маси и столови на места каде не е предвидено поставување на урабана опрема.
Што се однесува до проблемот со точење на алхохол на малолетници во ноќните клубови и продавање на алхохол по 21 часот во трговските објекти Бошалевски тврди дека годинава не се регистрирани значителни криминогени нарушувања.
{loadposition content9}