Пази, отворена шахта
Крадењето на капаците од шахтите е стар проблем во Охрид. Одговорноста за вршење редовни контроли на состојбата на одводната и канализациона инфраструктура е на ЈП „Нискоградба“ Охрид. Од таму велат дека тешко се справуваат со овој проблем.
Отворени шахти без заштитни капаци се уште има низ повеќе улици во Охрид. Дел од нив, односно отворените шахти во близина на Бејбунар, како и на потегот помеѓу двата кружни тека кај населбата Бараки, подолг период служат како контејнери. Жителите не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но позади камерата кажаа дека дупката на потегот кај Бараки, 5 години стои отворена и досега никој не презел ништо, иако во Фондот за комунален развој патишта и сообраќај уредно укажале за овој проблем. Тие бараат одговорните да го решат проблемот, пред некој да настрада. Од Локалната самоуправа тврдат дека редовно се санираат сите оштетувања на шахтите во градов, но не можат физички трајно да ги заштитат.
„Од ЈП „Нискоградба“ велат дека дури некогаш во временски период од 4-5 дена се случува 4-5 пати на истото место да го нема поставениот метален капак. Значи не е точно дека не е интервенирано, туку постои некоја навика на одредени граѓани да крадат или да оштетуваат но навистина ЈП Нискоградба реагира. Значи не оставаме таков проблем да се провлекува подолг период“– вели Џамтоски.
Според кадрите кои ги регистрира нашата камера повеќе од очигледно е дека овие отворени шахти се малку подзаборавени и покрај тоа што од Локалната самоуправа убедуваат во спротивното. Како што е познато одговорноста за вршење редовни контроли на состојбата на одводната и канализациона инфраструктура е кај ЈП „Нискоградба“ Охрид. Но во Охрид имло 6000 шахти и нивните метални капаци биле мета на несовесни граѓани па надлежните тешко се справуваат со проблемот. Токму поради тоа и апелираат до граѓаните кога ќе забележат отворена шахта во секое време да пријават на телефонскиот број 046 260 298.
А што се однесува на дупката која пред неколку месеци се отвори на самиот пешачки премин пред паркингот во близина на стоковната куќа кај чинарот, од Локалната допрва ќе утврдуваат за каков отвор станува збор.
{loadposition content9}