Skip to main content

Пчеларите и понатака ќе добиваат поддршка од ресорното министерство


Продолжува субвенционирањето, но и употребата  на други технички мерки кои се применуваат во западноевропските земји. Најавуваат соработка со словенечкото министерство од каде ќе црпат позитивни искуства.

 |  Валентина Неловска  | 

Федерацијата и здруженијата на пчелари од земјава и понатака ќе добиваат финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Љупчо Николоски, ресорниот министер вели влегуваме во процес на знаења и размена на искуства во област на пчеларството со словенечкото министерство.

„На секој можен начин ќе ги поддржиме пчеларите преку субвенционирање и техничка поддршка, но и разни други начини, нови мерки и развојни политики. Разговаравме и со словенечкото ресорно министерство и ни требаат позитивни исксуства од останатите земји“, најавува Николоски.

Александра Пивец, словенечката министерка за земјоделство ја нагласува соработката со македонските колеги. Досега имавме добра соработка, а така ќе продолжиме и во иднина со размена на искуства кога станува збор и за пчелите, вели Пивец.

„Словенечките искуства ќе ги пренесеме на македонските колеги, а ние ќе користиме ваши искуства. Тоа ќе ни го олесни дејствувањето на активностите кои ќе ги извршуваме во иднина“, вели Пивец.

На први јуни Македонска делегација од ресорното министерство, од платежната Агенција и од Агенцијата за храна и ветеринарство ќе отпатуваат во Словенија за да ги скенираат сите нивни искуства и мерки во делот на контролата и заштитата на пчелите, најави министерот Љупчо Николоски.